Јапонија отвори амбасада во Тирана

Јапонија отвори своја амбасада во Тирана, а на свеченоста присуствуваше Нобуо Киши од државното Министерство за надворешни работи на Јапонија.

Киши високо ја оцени улогата на Албанија како фактор на стабилност во регионот и вети максимална ангажираност на Јапонија во економската поддршка и тоа не само за Албанија.

Претходно, на средбата што Киши ја имал со шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати високо е оценета соработката меѓу двете земји во рамки на меѓународните организации, доброто искуство во реципрочната поддршка на кандидатурите, како и на заземањето заеднички ставови за значајни глобални прашања.

Двајцата министери изразиле подготвеност за унапредување на соработката во иднина.

Тие присуствувале и на свеченото примопредавање на 129 возила, донација на јапонската Влада за албанските власти.

 

 

 

17.07.2017 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега