Албанија во пламен - хеликоптери ги гасат пожарите, ситуацијата се полоша

На барање на албанската Влада за помош во гаснењето на многуте пожари кои беснеат низ земјата, попладнево се вклучија два хеликоптера, еден Грција и еден од НАТО.

Како што јави дописникот на МИА, тие се ангажирани во гаснењето на четирите големи пожари кои неколку дена беснеат во северниот дел на земјата во подрачјето на Скадар.

Претходно, албанскиот министер за внатрешни работи Дритан Демирај, потврди дека е побарана помош и додаде дека се во постојан контакт со претставниците на НАТО и надлежните органи во Црна Гора и Грција.

Посебна благодарност тој и искажа за компанијата „Вива“, која од вчера е вклучена со два хеликоптера во гаснење на пожарите.

Според албанските надлежни служби, во последните 24 часа во Албанија се регистрирани нови 12 пожари на подрачјата на Скадар, Тирана, Драч, Елбасан и Фиер.

Посебен проблем во гаснењето на активните пожари е недостапниот терен, како и ветерот во планинските предели. 

 

 

 

19.07.2017 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега