ВИДЕО: Град Скопје подготвен за Суперкупот - погледнете го видеото за туристите

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на социјалната мрежа Фејсбук објави промотивно видео кое има за цел да ги промовира убавините на Скопје, но и да ги информира туристите кои ќе го посетат градот за време на одржувањето на Суперкупот.

-Градот Скопје е подготвен за одржувањето на УЕФА Супер Купот кој ќе се одржи на 8 август во Скопје на националната арена „Филип Втори“. На овогодинешниот Супер Куп силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За таа цел изработивме промотивно видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје, пишува Трајановски на Фејсбук.

 

 

 

 

20.07.2017 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега