Албанец уапсен за подметнување пожар во Подгорица

Подгоричката полиција уапсила маж со иницијали П.К (56) од Албанија поради основано сомнение дека подметнал пожар во Голубовци, недалеку од Подгорица, пренесува срспки „Блиц“.

Осомничениот со запалка ги запалил тревата и ниско растение во дворот загрозувајќи им ги куќите и деловните објекти на оштетените лица. Со навремена и брза акција на службениците на подгоричката полиција, со помош на граѓаните, ова лице е лишено од слобода, соопшти црногорската полиција.

Пожарот е локализиран во краток рок и на тој начин се спречени поголеми последици.

 

 

 

20.07.2017 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега