Ја ставате лубеницата во фрижидер - не сте свесни колкава грешка правите

Неодамна едно истражување кое го спровело американското министерство за земјоделие покажало дека сите ние кои ја ставаме лубеницата во фрижидер пред конзумирање, грешиме.

Имено, како што велат експертите, лубеницата треба да се чува на собна температура за да ги задржи своите хранлици состојки со кои обилува. Кога е ладна, лубеницата губи голем број витамини и хранливи материи.

Уште една работа која научниците ја откриле е дека лубеницата продолжува да произведува витамини и хранливи мтерии и по бербата, но само ако е на собна температура. Кога ја ставаме во фрижидер, тој процес значително се намалува.

 

 

 

20.07.2017 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега