Црна Гора и понатаму во пламен - гори приморјето, но пожарите се под контрола

Владата во Подгорица соопшти денеска дека пожарите кои го зафатија јужниот дел на Црна Гора се локализирани и веќе не претставуваат опасност за туристичките објекти и населените места.

- Министерството за одржлив развој и туризам ги информира туристите, хотелиерите и другите заинтересирани лица дека според наводите на службите за вонредни ситуации, состојбата е стабилна и безбедна, пожарите се локализирани, а населените места, како и туристичките објекти, не се веќе во опасност, се наведуваво соопштението.

Властите изразија огромна благодарност до НАТО и земјите партнери за оперативната поддршка при гасењето на шумските пожари.

 

 

 

20.07.2017 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега