Келнер сакал да ги забавува гостите, па ги запалил

Во раните утрински часови во вторник 22-годишен келнер во еден угостителски бојект во Хрватска сакал да ја „запали“ атмосферата, но ги запалил гостите и колегата.

Келнерот по дел на шанкот расипал алкохолен пијалок и го запалил, а пламенот зафатил и полесно повредил тројца државјани на Австралија, еден од Нов Зелан и свој колега.

По завршената истрага, полицијата поднела кривична пријава против келнерот поради доведување во опасност на живот и имоти со опасни средства.

Како се наведува, на повредените им била укажана лекарска помош, а едно лице е задржано на болничко лекување во Сплит.

 

 

 

20.07.2017 - 23:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега