Пресврт во приказната за исчезнатата тинејџерка Барбара

Мелита и Ендре Витез од Сента со месеци не губат надеж дека ќе ја најдат својата ќерка Барбара. 15-годишното девојче на 25. ноември минатата година исчезна откако отиде на роденденска забава, а од неа повеќе не се варти дома.

Полицијата тогаш ги извести родителите дека детето од мост паднало во ладната река, што потврдиле и другарите. Сепак, семејстово не губи надеж иако има огомна болка и тага во себе. 

Според последната информација, Барбара сепак била жива и видена во Грција. 

- Дојдов од работа, а Мелинда ми кажа дека и јавиле дека нашата Барбара ја виделе во Грција. Тројца луѓе дале опис за нашата ќерка, не знаеме на кого да му се обратиме, ако одиме во полиција тие само климаат со главата, вели таткото скршен од болка.

Инаку, огласот за исчезнатата Барбара е пријавен на осум јазици.

 

 

 

21.07.2017 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега