Среќен крај на драмата - пронајден исчезнатиот скопјанец

Мето Петровски, кој викендов беше пријавен за исчезнат, по едно деноноќие е пронајден жив и здрав, информираат неговите пријатели и семејството, кои претходно побараа помош на социјалните мрежи.

Петровски пред два дена се изгубил во Трговскиот Лептокарија во Карпош, по што неговите најблиски го пријавија исчезнувањето.

Тој боледува од Алцхајмер и постојано е со придружник, но за жал се одалечил незабележано. За среќа агонијата за семејството заврши и тоа среќно.

Мето Петровски беше долгогодишен  режисер на документарни филмови во МТВ, добитник на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија за својата 50-годишна творечка дејност. Сега е во пензија.

 

 

 

24.07.2017 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега