Ваков обид за убиство полицијата не памети: Ја натерал сопругата да испие отров за буви

Ја малтретирал, ја тепал, а потоа ја натерал да се напие отров за буви. Полицијата му стави лисици на рацете на 49-гоишниот Новица С. од Лескоец кој во понеделникот наутро ја натерал невенчаната сопруга О.Д. да испие отров по расправија со неа.

Како што дознава српскиот Ало, докторите едвај и го спасиле животот на несреќната жена, од пестицидот кој го испила. Случајот на свирепиот обид за убиство е откриен откако жената сама пријавила во полиција.

Инаку, српските медиуми пренесуваат дека Новица бил љубоморен на 44-годишната сопруга со која долго живееле во вонбрачна заедница, често ја прекорувал, а во неделата почнале жестока кавга. По расправијата тој ја разбудил кога легнала да спие вечерта и ја натерал да го испие отровот. Таа се противела но тој со закани ја приморал.

Инаку, полицијата во Србија не памети ваков случај за обид за убиство.

 

 

 

25.07.2017 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега