Еден тешко повреден - многу сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје случени се 12 сообраќајни незгоди. Во една од нив едно лице се здобило со тешки телесни повреди, во шест полесно се повредени седум лица, а во пет е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден санкционирала двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај. Шест возачи поминале на црвено светло на семафор, 13 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 15 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле 13 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 52 возила.

 

 

 

25.07.2017 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега