Маж и побегна со парите од кредитот - Снежана пресреќна ќе го части цело село

Милјан И. од Србија и рекол на сопругата дека автомобилот не сака да му запали, а таа излегла за да го турка, а тогаш сопругот со сите пари кои ги имале земено како кредит од банка избегал и ја оставил среде улица.

Оваа шокантна приказна ја крена Србија на нозе, а се овивала во Прокупље. Милјан земал од својата сопруга Снежана 500.000 динари кои таа ги земала како кредит од банка, за да го реновираат домот, и побегнал со автомобилот оставајќи ја среде пат. Тој по десет дена вчера се вратил дома, но не е познато што направил со парите.

Несекојдневната случка се случила на 15 јули, кога парот тргнал на пат, а како што Снежана раскажала на полицијата, кога се враќале од кај своите роднини, сопругот и рекол дека автомобилот не сака да запали, таа да излезе и да ја турне колата за да му помогне. Не насетувајќи што ја чека, таа излегла, а тој го стартувал возилото и заминал со огромна брзина.

Полицијата веднаш организираше потрага, а откако не можеа да го најдат, сите останале зачудени, и полицајците и мештаните кога тој по 10 дена вчера сам се појавил на вратата дома. Селаните велат дека тој дошол без денар и дека никој не знае што се случило, иако сопругата молчи за тоа, а на телевизиските екипи им рекла дека тоа е приватна работа.

Соседите велат дека таа била пресреќна кога сопругот се вратил дома. Еден сосед и се јавил да праша што се случило, а таа му рекла, дека ќе части торта што сопругот се вратил дома и дека е пресреќна.

Никој не знае во селото што точно се случило.

 

 

 

 

26.07.2017 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега