Родители заборавиле дете во автомобил во Тирана - докторите веднаш интервенирале

Се чини на границите на неверојатното, но се случило во дворот на Универзитетските клиники во Тирана.

Да не била соработката помеѓу граѓаните, полицијата и пожртвуваноста на лекарите и медицинските сестри од детската клиника, бебе трагично ќе го загубело животот.

Родители кои дошле на преглед со повозрасното дете, го заборавиле бебето во заклучениот автомобил на неподносливите жештини.

Според полициски извори, на кои се повикува порталот Албеу, бебето во возилото со затворени прозорци, било повеќе од два часа, се додека не го забележала жена која ја алармирала полицијата.

Полицијата стигнала веднаш и успеала да го извлече детето, по што било однесено на детската клиника, каде му била дадена потребната медицинска помош и според лекарите тоа е во добра состојба, но доколку уште за кусо време не било извадено од автомобилот би можело да почине.

 

 

 

26.07.2017 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега