„Поделено минато, Заедничка иднина“ - Граѓанските организации од регионот работат на заеднички проект за градење мир и помирување

18 граѓански организации од регионот на Западен Балкан и Турција работат на спроведување на проект кој има за цел зголемување на капацитетите за градење на мир и помирување.

 „Поделено минато – Заедничка иднина“ е насловот на 4годишниот регионален проект кој е финансиран од Европската Унија и кој има за цел премостување на разликите помеѓу различните заедници во земјите од Западен Балкан и Турција.

Во спроведувањето на Проектот се вклучени 18 организации од 7 земји, заедно со партнер организации од Словенија, Хрватска и Австрија. Тие заеднички работат на создавање на силна одржлива меѓусекторска платформа за соработка во областа на спроведување на политиките за градење на мир и помирување преку иновативни механизми.

„Во моментов бројот на конфликти во и помеѓу земјите од Западен Балкан и Турција се зголемува. Овие конфликти често се етнички и религиски засновани. Во последните години се соочуваме со фактот дека мирот и помирувањето како тема станаа „непопуларни". Токму од овие причини, граѓанското општество станува фрагментирано и оспорувано. Сепак, граѓанските организации треба да бидат подготвени и информирани, како и да бидат главен актер во градењето на политиките за мирот и помирувањето. Главната цел на овој проект е да се препознаат и признаат граѓанските организации од страна на регионалните влади како важен општествен фактор со силен капацитет во активностите за градење на мирот и помирувањето.“, информираат имплементаторите на Проектот.

Тие велат дека Проектот „Поделено минато – Заедничка иднина“  има за цел создавање на силно и подготвено граѓанско општество препознаено од страна на владите во земјите од Западен Балкан и Турција како важен општествен фактор со силен капацитет во спроведување на агендата за градење на мир и помирува кое придонесува за безбедноста и стабилноста на регионот во процесот на интеграција во ЕУ.

Останати цели на Проектот се зајакнување на регионалната соработка, ​​зголемувањето на кредибилитетот, општествената улога и ефективноста на граѓанските организации, спречување на радикализација, како и ​​олеснување на меѓуетничкиот дијалог во регионот на Западен Балкан и Турција.

 

Како главни активности кои се спроведуваат во рамките на проектот се предвидени: истражувања, застапување, иновации, тестирање на социјални иновации, активности за градење капацитети, креирање на бизнис модел, дијалог со засегнатите страни и воспоставување партнерства.

 

 

 

28.07.2017 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега