Апел до граѓаните за превенција од пожари

Општина Ѓорче Петров апелира граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно со цел да се спречи појава на пожари поради очекуваните високи температури. 

- Да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат стаклени шишиња и друг вид стаклена амбалажа, да не се фрлаат догорчиња од цигари, да не се складираат материјали кои се самозапаливи и запаливи (бензин, нафта, плин) и редовно да се проверуваат и одржуваат инсталациите и уредите кои можат да бидат причина за настанување пожар, соопшти општина Ѓорче Петров.

Сопствениците на приватен имот, каде општината нема ингеренции да интервенира, да го одржуваат својот двор и плац за да не дојде до пожар.

Јавните чешми се обновени и се во функција, а дефектите, како што се наведува, редовно се отстрануваат.

- Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површни во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина надлежност. Граѓаните можат да пријават пожар на телефонскиот број 193, соопшти општина Ѓорче Петров. 

 

 

 

31.07.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега