Делегацијата на Град Скопје положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“

По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој се одбележува 73-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 114-годишнината од Илинденското востание, делегациja на Градот Скопје денеска /02.08.2017 година, среда/ на повеќе места положија цвеќиња.

Делегацијата на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски положи цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“.

 

 

Пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто цвеќиња положија и Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, претставници од Владата и од Собранието на Република Македонија, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор во нашата земја, здруженија на граѓани и организации.

 

 

 

 

02.08.2017 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега