ФОТО: „Кралевите“ и „ѓаволите“ слетаа на „Александар Велики“

Денеска и утре Скопје е центар на светот. Најдобрите и најскапи фудбалери на светот се во главниот град на Македонија. Експедициите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед попладнево, со авиони кои слетаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Утре од 20,45 часот на „Телеком арената“ е УЕФА Суперкупот каде што двата тима ќе ги одмерат силите.

„Црвените ѓаволи“ први слетаа во Скопје и со полициски придружба се упатија кон „ТЦЦ Плаза“ каде ќе бидат сместени. Околу хотелот не може „пиле да пролета“, бидејќи за нивната безбедност е ангажирано големо полициско обезбедување.

„Кралевите“, пак, слетаа 30 минути подоцна директно упатувајќи се кон „Александар Палас“.

 

 

 

07.08.2017 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега