Трајановски: Скопје денеска е престолнина на фудбалот

Градот Скопје денеска е престолнина на фудбалот, изјави градоначалникот Коце Трајановски од неутралната фан зона на плоштадот „Македонија“.

- Скопје вечерва е домаќин на голем фудбалски спектакл. Се среќаваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Имаме чест и задоволство да ги видиме светски познатите фудбалски имиња. Нека победи фудбалот, нека победи подобриот, изјави Трајановски.

Тој ги повика сите на плоштадот „Македонија“ да уживаат во неутралната фан зона со добра музика, спортска забава и вечерва заеднички да го проследат натпреварот. 

 

 

 

08.08.2017 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега