Паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански“
Под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ утре во 9 часот во паркот „Јане Сандански“ ќе се одржи промоција на поставениот вело-остров, донација на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“, Гевгелија.
Целта на оваа активност е да се придонесе кон намалување на аерозагадувањето и бучавата, а воедно да се придонесе кон поздрава и почиста животна средина, која е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година.
Во рамките на промоцијата за првите 100 учесници ќе бидат поделени флексибилни ленти и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.
Инаку, настанот е дел од проектните активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ и е финансиран во рамки на програмата за акциски грантови на невладината организација Цивика мобилитас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа