Посебен сообраќаен режим за натпреварот Шкендија-Милан
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска четврток поради фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК “Шкендија“ и ФК “Милан“ што во 20:45 часот ќе се одигра на стадионот “Телеком арена“ во Скопје, СВР Скопје согласно подготвениот план за сообраќајно и физичко обезбедување, ќе воведе посебен режим на сообраќај за возила и пешаци.
Имено, денеска почнувајќи од 15.00 часот ќе биде ограничено движењето по сообраќајниците кои водат кон фудбалскиот стадион “Телеком Арена“, и тоа: бул.“Илинден“, улиците “Ристо Шишков“, “Аминта Трети“, “Наум Наумовски Борче“, сервисната улица во Градскиот парк околу фудбалскиот стадион, како и улицата “Лазар Личеноски“.
Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон спортскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за фудбалскиот натпревар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа