По проблемот со труењето големо намалување на цените на сендвичите во „Седмица“

Популарната сендвичара „Седмица“ од 28 август по повод 30 години од постоењето ги намалува цените на сендвичите и пијалаците. Според она што може да се види на рекламниот флаер, промоцијата ќе трае од 28 август до 7 септември и сендвичите ќе чинат 100 денари, една лименка сок 20 денари, а половина литар 30 денари.
Од сендвичарата „се извинуваат поради за реализацијата на телефонските нарачки бидејќи имаат зголемена фрекфенција на работа“

Интересно е што промоцијата доаѓа веднаш откако сендвичарата се соочи со проблем откако педесетина лица се пријавија во болница тврдејќи дека се затруле во локалот на „Седмица“ во скопски Карпош.
Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека станува збор за салмонела и најави соодветна постапка.
Од „Седмица“ пак велат дека анализата покажала дека сите работни површини, храната и вработените се чисти и дека оние кои се приавиле со проблеми треба да имаат предвид дека „владее стомачен вирус“.

 

 

 

24.08.2017 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега