Нето платата во јуни 22.808 денари

Нето платата во јуни во однос на мај 2017 е намалена за 0.4 отсто, односно за 0.7 отсто ако се земе реалната нето плата со вкалкулирани трошоци за живот. Така ако во мај просечната нето плата изнесувала 22.889 во јуни истата изнесувала 22.808. На годишно ниво односно споредбено со 2016 има покачување од 2.8%.

И кај просечната бруто плата има месечно намалување за 0,4% или 0,7% кај реалната бруто плата. Така ако просечната бруто плата изнесувала 33.640 во мај, во јуни таа е намалена на 33.509 денари. Во споредба со 2016 има раст од 2.7 отсто.

Ова е прво намалување на бруто и нето платата на месечно ниво по подолг период

 

 

 

 

 

24.08.2017 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега