Дел од Скопје утре ќе биде без вода

Дел од објектите на улицата „Димитрије Чупоски бб“ во општина Центар утре од 8 часот ќе бидат без водоснабдување поради санирање на уличен дефект.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека без вода ќе бидат  корисниците од блок 4 и 5, кулите 38, 40 и 42, амбулантата, градинката и зградата на „Трготекстил“.

Прекинот ќе трае се до санирање на дефектот.

 

 

 

29.08.2017 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега