Казни од општина Центар за најпознатите скопски кафулиња

По налог на општина Центар, а по барање на жителите, овластена фирма изврши мерење на бучавата во кафе баровите „Интермецо“, „Бастион“ и „Џуси бар“ и констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената граница, информираат од општината.

Од таму велат дека дека казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.

На пријава од граѓани, посочуваат од општината, овластен инспектор од општина Центар излезе на терен и утврди дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот на жителите од околината.

Од Општина Центар потенцираат дека нема да дозволат загрозување на мирот на жителите и ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите.

„Затоа уште еднаш ги повикуваме сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем, со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки“, стои во соопштението.

 

 

 

30.08.2017 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега