Се стресоа Илинден, Драчево, Лисиче, Скопска Црна Гора - но, нема простор за паника!

Граѓаните, на социјалните мрежи утринава пишуваа дека се осетило силно тресење на вратите и прозорците од нивните домови. Се прашуваат дали станува збор за земјотрес или детонација.

Според пишувања, прозорите и вратите силно им се затресле, па првично помислиле дека станува збор за земјотрес. Но, откако дел од граѓаните ја провериле веб апликацијата за земјотреси, се увериле дека немало земјотрес, па се прашуваа дали станува збор за детонација.

Тресење осетиле жителите на Илинден, Драчево, Лисиче, Скопска Црна Гора, Пинтија, како и во населбата Гоце Делчев.

Од Министерството за внатрешни работи, за КУРИР велат дека во периодот од 9: 30 до 12:30, Eдиницата за брзо распоредување имала вежба на Стенковец, па можно е од таму да доѓале звуците.

Додаваат и дека нема простор за паника.

 

 

 

31.08.2017 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега