Трајановски: Дојдете и уживајте во одличната музика, Супер Скопје продолжува и овој викенд

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и овој викенд ги повикува сите граѓани да дојдат на улицата „Македонија“ и да уживаат во добрата забава на Супер Скопје.

-Големата забава „Супер Скопје“ викендов продолжува на улицата „Македонија“. Остварив средба со претставници на угостителските објекти од овој реон и организаторите, каде ги прецизиравме последните детали за претстојниот викенд. Ве поканувам да дојдете и уживате во одличната музика, каде овој викенд ќе настапат имиња како Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Нокаут, пишува Трајановски на Фејсбук.

 

 

 

 

31.08.2017 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега