Летаат на црвено и возат без дозвола - полицијата демне на скопските улици

Седум сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во нив три лица се здобиле со полесни повреди, а материјална штета е причинета во четири сообраќајки.

Од страна на сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден откриени се поголем број прекршоци. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 10 возачи возеле без возачка дозвола односно нерегистрирани возила, а 40 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и тројца возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем на главата.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 59 возила.

Во текот на вчерашниот ден од страна на Одделението за превенција е реализирала посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствувале граѓани кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

За сабота, со почеток во 17:45 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамки на СЕХА лигата ќе се одигра ракометниот натпревар меѓу „Металург“ и „Вардар“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот. 

 

 

 

01.09.2017 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега