Нова цена на горивата во Македонија
Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и на еуродизелот остана иста, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемуи за половина денар. Ова беше одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, донесена пред две недели.
Со оваа корекција на нафтените деривати, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64 ден/лит.
Екстра лесното масло за домаќинство се намали за 0,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС се намали за 0,204 ден/кг и тој се купува по цена од 23,993 ден/кг.
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја донесе новата одлука. напладне останува да видиме дали ќе возиме поскап или поевтин бензин или цената ќе биде иста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа