Груевски во Зелениково: Индустриската зона претставува можност за инвестирање и нови работни места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на општина Зелениково и индустриската зона која претставува можност за инвестиции и нови работни места, информираше тој преку социјална мрежа Фејбук.

-Од триесетина локации, 17 се продадени. Изграден е и пристапен пат во вредност од околу 300.000 евра. Дополнително е обезбедена и зона за домување односно парцели кои ќе се понудат на продажба како дел од проектот “Купи куќа”. Направени се и други проекти, а имајќи предвид дека општината располага со лимитирани средства и буџет, ова е добар напредок, вели Груевски преку својот Фејсбук профил.

 

 

 

05.09.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега