Треба да се знае: При силно невреме обична паричка може да ви го спаси животот

Кога се во прашање природните катастрофи, како актуелниот ураган, луѓето се затвораат во домовите и чекаат невремето да помине или се евакуираат.

Големи се шансите повеќето домови при силно невреме да останат без електрична енергија. Прашањето е како ќе се знае потоа дали храната која стоела во ладилникот или на топло е безбедна за јадење. Храната која стоела во ладилникот останува безбедна за јадење максимум 4 часа по престанокот на електрична енергија, под услов добро да е затворен.

Во тоа ќе ви помогне еден мал трик.

Како што знаеме, тоа може да биде многу опасно, бидејќи за некои прехранбени производи постои ризик од ширење на салмонела и други бактерии!

Но, на својот профил Sheila Pulanco Russell открила начин – како сепак да дознаете дали и колку долго вашиот замрзнувач останал без струја!

За тоа ви се потребни шолја, монети и вода. Ставете вода во шолјата и ставете ја во замрзнувач да замрзне. Кога во шолјата ќе остане само мраз, на врвот ставете паричка и потоа вратете ја шолјата во замрзнувач.

Ако монетата и натаму е на врвот или евентуално на средината на коцката мраз во шолјата, значи дека при невремето не дошло до прекин на струјата, или имало краток прекин, па мразот делумно се растопил. 

Доколку пак паричката се наоѓа на дното, тоа значи дека струја немало доволно долго за мразот да се растопи, а паричката да потоне до дното.

Тогаш подобро храната од ладилникот да не ја подготвувате.

 

 

 

12.09.2017 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега