Посебен сообраќаен режим за натпреварот Вардар-Зенит - еве каде нема да се вози

Поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу Вардар и Зенит од Русија, што треба да се одигра вечер на Националната арена „Филип Втори Македонски” и очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, попладне од 17 часот околу стадионот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, попладне во 17 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со улицата „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. Исто така, во попладневните часови ќе се преземаат мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот.

 

 

 

14.09.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега