„Спомен за Ненад, безбедни улици за сите“- попладнево протест пред Драчево

Семејството, блиските и пријателите на 30 годишниот Ненад Пешевски кој неодамна го загуби животот во сообраќајна несреќа пред мостот на Маркова река на булеварот „Борис Трајковски“, попладнево од 18 часот организираат протест на истата локација.

Најблиските на Ненад поддршка за протестот ќе добијат и од неформалната група скопски велосипедисти „На Точак“ кои денес се собират на Плоштад Македонија и со велосипеди ќе возат до местото на протестот.

-Целта е да се допре до одговорните лица за да се зголеми безбедноста на улиците, не само во Скопје, туку воопшто во цела Македонија. На истата улица (булевар Борис Трајковски) неодамна загина и моторциклист и 11 годишно дете. Воедно, да се обратиме до целата јавност, со надеж дека ќе допре нашиот глас до надлежните институции со цел да преземат соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на местото каде што Ненад беше прегазен. За да не се повторуваат сообраќајни незгоди, да нема повеќе жртви, да не биде некој од нас следниот Ненад !!!, велат блиските на Ненад.

На локацијата ќе биде поставен бел велосипед за спомен како изразување почит за жртвата, но и како потсетник за учесниците во сообраќајот за вакви случаи да не се повторат.

 

 

 

14.09.2017 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега