Трајановски го објави својот отчет: Што сработив за 8 години во Скопје

Актуелниот скопски градоначалник и кандидат за нов мандат, Коце Трајановски на социјалните мрежи го објави својот отчет за сработеното во изминатите 2 мандати.

„Сакам да Ви се обратам како ваш сограѓанин, скопјанец, градски татко, пријател.
Најпрво сакам да ви се заблагодарам за досегашната доверба која ми ја дадовте на локалните избори во 2009 и во 2013 година за позицијата градоначалник на Градот Скопје.
Со ваша поддршка и преку секојдневната комуникација со Вас реализиравме многу проекти во овие 2 мандати.
Како кандидат за градоначалник на главниот град од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и по трет пат ја барам довербата од Вас граѓаните, која имајќи ја во изминатите години беше чест и привилегија, а во исто време и уште поголема одговорност. 
Ви го претставувам мојот отчет со најкапиталните проекти за сработеното во изминатите два мандати.“ - напиша Трајановски на Facebook.

 

 

 

18.09.2017 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега