Владата се задолжува со забрзано темпо: Секој ден по 4 милиони евра нов долг

76,7 милиони евра е уште едно од низата задолжувања на новата Влада. Оваа сума е за 17 милиони евра поголема од она што претходно беше најавено како нов долг. Според предвиденото, ќе се земат една 15 годишна и две годишни обврзници.

Ова задолжување на Владата на СДСМ е уште едно од низата задолжувања кои беа направени во изминатве три месеци. Оттогаш Македонија е задолжена за 430 милиони евра.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат каде одат овие пари и дали се наменети за поткуп на гласови во предизборниот период? Од партијата ја повикаа меѓународната заедница и организациите кои го надгледуваат изборниот процес да внимаваат на дејствијата на владата и да не дозволат злоупотреба на парите на граѓаните во изборен поткуп.

Според проекците во ребалансот на Буџетот, Владата планира до крајот на годината да се задолжи со околу 650 милиони евра од кои околу 350 милиони евра на домашен пазар а во однос на странското задолжување во буџетот предвиден е износ од 300 милиони евра.

 

Според календарот до крајот на годината има уште 7 аукции на државни хартии од вредност.

 

 

 

19.09.2017 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега