Вработените во градинките добија 2% покачување на платата

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвои предлогот на Министерството за труд и социјална политика за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца – детски градинки.

Со оваа одлука, почнувајќи од септември 2017 година, платата која ќе биде исплатена во октомври 2017 година, ќе биде линерно зголемена за 2%. Средствата за оваа намена се обезбедени во Буџетот за 2017 година.

Ако се има предвид дека вработените во градинките земаат минимални плати, на личен доход од 12.000 денари, месечното зголемување изнесува 240 денари.

 

 

 

19.09.2017 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега