Илинден со него посакувана локација за живот, изнестиции со 6% невработеност - Стојановски ја бара довербата

По два успешно завршени мандати во кои од рурално место, Илинден го претвори во атрактивна локација посакувана за живеење и инвестирање, Жика Стојановски уште еднаш ќе ја побара довербата од своите сограѓани.

На претстојните локални избори, тој е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Илинден.

Во интервју за КУРИР, со Стојановски зборуваме за досега реализираното, постигнатите успеси, исполнетите барања на жителите на Илинден, но и за идните планови за општината.

Кои досега спроведени проекти би ги издвоиле како најзначајни за општината и граѓаните?

-Со иско­рис­тување на на­ши­те рас­по­лож­ли­ви по­тен­ци­ја­ли, искус­тва, знаења и ка­па­ци­те­ти, се насочивме во ре­а­ли­зација на проекти кои обез­бе­ду­ваат одржлив еко­ном­ско-со­ци­ја­лен рам­но­ме­рен раз­вој и прос­пе­ри­тет­на идни­на на це­ло­куп­но­то на­се­ле­ние во општи­на Илин­ден. Изградивме нова училишна зграда со површина од 2.300 метри квадратни и за прв пат во општина Илинден во­ве­довме сред­но обра­зо­ва­ние, со насоки за електротехничка струка, информатика, комуникациска технологија и автоматика во Сред­но општинско струч­но учи­лиш­те „Илин­ден”. Нова училишна зграда претставува високо енергетско-ефикасен објект, со иновативен пристап и воведени нови технологии и еколошки материјали, греење и ладење со алтернативни извори на енергија, со искористување на топлинската енергија од подземните води. Изборот на насоките во училиштето е плод на успешната соработка на локалната самоуправа и бизнис секторот во општината. Оваа практика од поодамна позната во светот, за првпат во нашата земја се применува токму во Општина Илинден.Годинава своето четиригодишно средно стручно образование го завршува првата генерација на ученици кои ќе можат да се вработат во компанииите во кои ги реализираа своите практични настави, со кои општината и училиштето имаат склучено договори за соработка. Во областа на детската заштита и згрижување на деца од предучилишна возраст, изградивме нов дел и ја проширивме општинската детската  градинка „Гоце Делчев“, која сега има површина од 2000 м2 и капацитет за згрижување на 400 дечиња. Го реализиравме проектот намалување и ублажување на екстремната сиромаштија во областа на социјалната политика со што беа опфатени социјално ранливите групи на семејства и лица. Во делот на подобрување на патната инфраструктура работевме на изградба, реконструкцијата, санација и рехабилитацијата на локални патишта и улици, кои се протегаат на територија на општина илинден во должина од 275 километри како и реализиравме проекти за подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони. Зголемување на безбедноста во сообраќајот е проект кој го реализиравме и изградивме вкупно 15 километри пешачки и велосипедски патеки, патеки за спортување и рекреација. Изградивме 12 нови мостови, од кои 6 сообраќајни и 6 пешачки со што значително се подобри секојдневната комуникација на граѓаните на општина Илинден. Работевме на реализацијата на капиталниот проект-изградба на систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата. Досега се изградени 4 сегменти од фекалната канализација во вкупна должина 16.000 метри канализациски систем, со 4 пречистителни станици на 4 локации, во 3 населени места, кои опфаќаат 1.400 домаќинства. Системот се состои од повеќе сегменти коишто работат независно еден од друг, што претставува предност,бидејќи сегментите можат да се градат во зависност од расположливите финансиски средства. Со оглед на тоа што станува збор за голема инвестиција, во нејзината реализација приоритет имаат населените места, областите и локациите со повисоко ниво на подземните води. Изградивме и пуштивме во употреба нов објект на Амбуланта во Миладиновци, која опфаќа 4.500 жители од 6 населени места. Континуирано работевме на обезбедување поволни услови за негување и унапредување на културата како и обезбедување на просторни услови за граѓаните, месните заедници, здруженија на пензионери, здруженија на жени, на младинци, спортски друштва за нивно активно граѓанско учество и функционирање. Во таа насока, изградивме и целосно реконстуиравме нови домови на култура во сите 12 населени места во општина Илинден, а го реализиравме и уникатниот, единствен и оригинален проект паркот „Галерија на отворено“, кој опфаќа уредување на Домот на култура „Илинден“. Континуирано се вршеше машинско и рачно чистење, нивелирање и одржување на 120 километри на каналска мрежа на отворените одводни канали и изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води во општина Илинден, вели градоначалникот на Илинден за КУРИР.

Постојано сте меѓу граѓаните, на официјални и непосредни средби. Кои се проблемите со кои денес се соочуваат и какви проекти имате предвидено за тие проблеми да се решат?

Стојановски ги знае проблемите со кои се соочуваат неговите сограѓани. Нуди решение за секој од нив. Го посочува главни проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Илинден, а во новата програма ги обелоденува и начините на кои проблемите ќе се решат во најбрз можен рок.

  • Недоволна опфатеност со фекална канализација – Изградба на фекална канализација и пречистителни станици;
  • Нередовно одржување на каналска мрежа – Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали;
  • Оштетени и неасфалтирани улици – Подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта);
  • Постојан интерес за нови инвестиции – Проширување на постојните локални економски зони, планирање на нови парцели и овозможување на услови за влез на нови инвеститори;
  • Намалување на притисокот во водоводниот систем во летниот период- Модернизирање и проширување на водоводниот систем;
  • Континуирана потреба од подобрување на услови во образованието-Реконструкција и подобрување на училишта, обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава, со воведување на целодневна настава;
  • Лоши услови за здравствени услуги и немање на дежурен лекар- Реконструкција и надградба на амбуланта Илинден, со воведување на дежурства дежурства и зголемување на бројот и видот на здравствени услуги за граѓаните;
  • Не постоење на услови за одржување на натпревари од повисок ранг- Изградба на стадион со трибини во населба Илинден;
  • Недоволни капацитети на детската градинка – Изградба на детска градинка во Миладиновци, и згрижување на деца од најмалата група-воведување на „јасли“ во градинката „Гоце Делчев“;
  • Безбедност во сообраќајот – Изградба на пешачки и велосипедски патеки;

Вашите сограѓани знаат дека држите до дадениот збор и од искуство очекуваат сите ваши ветувања да бидат реализирани. Од богатата програма со која на претстојните избори повторно од нив ќе ја бараат довербата, кои проекти би ги истакнале како најкрупни?

Пред нас се нови предизвици. Не очекува напорна работа која заедно со патиципативното активно учество на граѓаните ќе придонесе за реализирање на голем број на проекти за подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на сите граѓани во општина Илинден.

Ќе споменам само дел од најкрупните проекти за реализација:

  • Изградба на фекална канализација и пречистителни станици. Општината располага со комплетна техничка документација за сите 12 населени места за изградба на фекална канализација со пречистителни станици. Бидејќи изградбата на фекалната канализација е голема инвестиција, општинта контиунирано работи во зависност од расположливите финансиски средства, со изградба на сегменти во населените места, областите и локациите со повисоко ниво на подземните води. И во иднина ќе продолжиме со реализација на овој проект се до негово целосно комплетирање и завршување;
  • Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали;
  • Подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта);
  • Подобрување и изградба на транспортна, комунална, енергетска и гасификациона инфраструктура во стопанските комплекси и локалните економски зони;
  • Проширување на постојните локални економски зони, планирање на нови парцели и овозможување на услови за влез на нови инвеститори;
  • Модернизирање и проширување на водоводниот систем;
  • Реконструкција и подобрување на училишта, обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава, и воведување на целодневна настава;
  • Реконструкција и надградба на амбуланта Илинден, со воведување на дежурства и зголемување на бројот и видот на здравствени услуги за граѓаните;
  • Реализација на проект од страна на приватен инвеститор за изградба на здравствен дом-поликлиника;
  • Изградба на стадион со трибини во населба Илинден;
  • Изградба на детска градинка во Миладиновци, и воведување на „јасли“, згрижување на деца од деветмесечна возраст до две годишна возраст во градинката „Гоце Делчев“;
  • Изградба на пешачки и велосипедски патеки;

Она за што често добивате честитки е рекордно намалената стапка на невработеност во општината. Како се движат бројките во оваа насока?

-Водечките идикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции и отворање на нови, реални, слободни работни места. Со несмалено темпо продолжи инвестицискиот циклус во Општина Илинден што резултираше со реализација на 180 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции (СДИ). Токму овие инвестиции придонесоа да невработеноста во 2008 година која изнесуваше 38 %, да се намали во 2009 година на 31%, во 2010 година да изнесува 27%,  во 2011 година да биде 21%, во 2012 и 2013 година невработеноста е измерена на 19%, во 2014 година е 15%, во 2015 година изнесува 10%, денес стапката на невработеност во Општина Илинден изнесува 6 %, истакнува Стојановски.

Овие успеси, секако, се должат на инвестициите кои успеавте да ги привлечете во вашата општина. При последната посета на Илинден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека општината е одличен пример за локален економски развој. Ќе остане ли ова ваш приоритет во следниот мандат?

-Инвестициските патишта водат кон општина Илинден како резултат на прогресот во привлекување и ефектуирање во реализација на инвестиции, оптимално искористување на можностите и ресурсите во овозможување на поволни услови за влез на нови инвеститори и поддршка на постојните стопански субјекти. Поволните услови што Општината им ги нуди на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште и малите давачки за инвеститорите, како и интензивните вложувања во квалитетна патна и комунална инфраструктура, овозможи забрзан и одржлив локален економски развој, поради што општина Илинден е лидер по инвестиции и вложувања во регионот. Главна наша цел е да ги задржиме младите луѓе во општина Илинден и во Република Македонија и да им создадеме услови за подобар живот. Показател, индикатор за одржлив Локален економски развој (ЛЕР) во Општина Илинден претставува изградбата и пуштањето во употреба на нови производстве ни погони, кои во континуитет креираат нови, реални слободни работни места. Приоритет и во наредниот четиригодишен период ќе биде создавање на услови за влез на нови инвестиции преку проширување на постоечките локални економски зони како и оформување на нови градежни парцели на атрактивни локации во општина Илинден, со што ќе се  овозможи одржлив економско социјален рамномерен развој и просперитетна иднина на жителите во сите 12 населени места во општина Илинден. Придобивките за жителите на сите 12 населени места, покрај намалувањето на невработеноста, односно отворањето на нови работни места на долг рок, се состојат и во намалување на екстремната сиромаштија, постигнување забрзан одржлив локален економски развој, како и подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на сите граѓани во општина Илинден. Да ги искористиме силните страни на општина Илинден, порачува актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат во Илинден, Жика Стојановски, во интервју за КУРИР.МК.

 

 

 

20.09.2017 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега