Марш за почист воздух - владини мерки за заштита

Повеќе граѓански иницијативи и организации утре излегуваат на марш за чист воздух. Тргнуваат во 17 часот од пред Владата низ скопските улици. Апелираат пред зимата да се преземат краткорочни, но и долгорочни мерки за намалување на загадувањето. Очекуваат поддршка од централната власт, но и од новите градоначалници...

Македонија е единствена земја во светот, која во првите 10 најзагадени градови, учествува дури со три. Стоп на загадувањето. Со марш за чист воздух граѓанскиот сектор ќе бара итни мерки пред зимската сезона. Индустриски капацитети без филтри, скастерно урбано зеленило, силна урбанизација, лошо справување со отпадот, застарени техники на транспорт, чистиот воздух и здравата животна средина се елементрано човеково право- посочуваат организаторите. Закони има, не се почитуваат.

Современи технолошки и иновативни решенија, акции врз темелни параметри и реални податоци. Проширена интересорска група, нов национален план за заштита на амбиенталниот воздух- Владата ги најави првите чекори за справување со загадувањето.

Заменик министерот за животна средина, Макрадули најави и иницијативи за субвенции, замена на старите печки и купување нови, возила со нулта емисија гасови, финансиска подршка за јавен превоз.

А, Државниот инспекторат и оваа зима ќе има само само 16 инспектори, сега со долг од милион денари, исклучени телефони, нема услови ефикасно да функционира- посочува првиот човек на оваа институција.

„Од оваа сума 204.000 евра се наменети за плати за вработените, а со останатите треба да се извршуваат сите задачи на територијата на целата држава, што е практично невозможно. Од вкупно 20 вработени, само 16 се инспектори и работат на целата територија на Република Македонија и го покриваат загадувањето на воздухот, почвата, водата, вклучително и отпадот“, посочува Мирослав Богадановски, директор на Државниот инспекторат

Се чека нов закон за инспекција. Засилени механизми за надзор врз локалните инспектори.

Повеќе од деценија ипол мина со апели за превентивни мерки од загадувањето. Секоја грејна сезона старата болка. Студот носи и црнила во воздухот. Граѓаните се гушат, експертите алрамираат, цехот поради неодговорност е превисок.

 

 

 

 

20.09.2017 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега