Видео:Литија во Скопје во пресрет на Раѓањето на Пресвета Богородица, заштитничката на градот

Вечерва во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје се одржа литија по улиците во центарот на Скопје.

Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7.30 часот, а потоа и света литургија во 9 часот.

Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја –  заштитничката на градот Скопје.

 

 

 

20.09.2017 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега