Мировен марш денеска низ улиците за чист воздух во Скопје

Коалицијата за чист воздух О2 и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ заедно со уште 18 граѓански, невладини организации, денеска попладне организираат мировен марш за чист воздух.

Почетна точка на акцијата е владата, по што ќе се помине низ булеварот „Илинден“ и булеварот „8 Септември“ каде учесниците ќе се спојат со партнерските граѓански организации „Ние сме Карпош 4“ и „Карпош 3“ кои исто така ќе имаат мирен протест.

Сметаме дека токму овој период е исклучително важен за да се чуе гласот на граѓаните кои буквално, во сите поголеми градови во Македонија, Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Струга, Куманово, Кавадарци директно ги чувствуваат последиците на токсичниот воздух, велат од  коалицијата О2.

 

 

 

21.09.2017 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега