Скопје викендов ќе се спаси од здодевните комарци

Град Скопје утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против комарци, а од недела до четврток ќе спроведе и теристрична дезинсекција.

Како што информираат од Градот, авионската дезинсекција ќе се спроведе в сабота и во недела во раните утрински часови, а теристричната (прскањето од земја) ќе се спроведува од недела до четврток во периодот од 23 до 04 часот наредниот ден.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, соопшти Град Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

 

22.09.2017 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега