Ден без автомобили, ден без гужва, ден без сообраќај

Администрацијата на Општина Аеродром денеска се приклучи на велосипедското дефиле кое почна од Порта „Македонија“, а заврши кај Школка во Градскиот парк.

Велосипедистите се движеа по улицата „Димитрие Чуповски“, булеварите „Кочо Рацин“, „Крсте Петков Мисирков“, „Гоце Делчев“, „ВМРО“, „Партизански одреди“, „8-ми Септември“ и булеварот „Илинден“.

Настанот е организиран од страна на Градот Скопје со поддршка на Канцеларијата на Европската делегација, Министерството за животна средина и просторно планирање и ПРВ ДО ВРВ, во рамките на Европската недела на мобилност 2017 година под мотото „Споделувањето те движи напред“.

Во Градскиот парк беше организирана забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија добија велосипеди како симбол на користење алтернативни превозни средства.

Исто така, во градинката „Буба Мара“ се одржа едукативен разговор со децата, како и прошетка во блиската околина со пораки од децата до возрасните и изработка на групен постер „Мојот град без автомобили“.

Ако 364 дена патувате со автомобил, 22-ри септември е денот кога треба да почнете да ги менувате Вашите навики.

Бидете пример, за Вашите пријатели, соседи, колеги, семејство и започнете со користење велосипед!

 

 

 

22.09.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега