Симулациска вежба за борба против сајбер криминал

 

Симулациска вежба за борба против сајбер криминал ќе почне денеска во Скопје во организација на iPROCEEDS, заеднички проект на ЕУ и Советот на Европа. На вежбата ќе учествуваат истражувачи за сајбер криминал, специјалисти за дигитална форензика, финансиски инспектори, обвинители, единици за финансиско разузнавање, Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), како и претставници од приватниот сектор – ISP (интернет провајдери).

Активноста ја организира Канцеларијата за програмата против Сајбер криминал на Советот на Европа, преку заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа.

Вежбата ќе ја координира мултинационален тим на експерти од Ирска и Обединетото Кралство. Целта е да се воспостават поблиски врски меѓу професионалните заедници и истражувачите на сајбер криминал, лицата одговорни за сајбер безбедност, финансиски истражувачи/разузнавачи и приватниот сектор.

Во исто време, вежбата цели и кон адресирање на проблемите на координација и кооперација на најпрактичен начин кој ќе побара од учесниците да откриваат напади, да применат дигитална форензика, да посочат и да се справат со сомнителни финансиски трансакции и перење пари, како и да ги повлечат податоците преку каналите за меѓународна соработка. 

 

 

 

25.09.2017 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега