ОК ВМРО-ДПМНЕ: Со отворање на нови работни места Радовиш ќе биде градот во кој младите ќе најдат перспектива

Денес официјално ја започнуваме кампањата за најважните избори во независна Македонија, на овие локални избори не одлучувате само за себе, одлучувате и за своето семејство, маало, општина и за иднината на нашата држава Македонија која се соочува со најголемите предизвици во својата понова историја, истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

-Започнува кампања која треба да ја водиме со висока демократска свест и висок демократски капацитет. Мораме да ги вложиме сите напори да кампањата биде фер и демократска како што и прилега на една општина со европски и интелигентен електорат. Општина Радовиш заслужува да биде град во кој младите луѓе овде ќе најдат просперитетна иднина и со отворање на нови работни места тие токму овде со своето образование ќе ја покажат својата стручност и квалитет. Радовиш ќе биде град со сите модерни урбани обележја, со чиста и безбедна вода за пиење, со депониран смет, подземни контејнери и со висока еколошка свест на своите граѓани, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

Од таму потенцираат дека радовишани мора да живеат во здрава и безбедна животна средина, да имаат квалитетен воздух со многу зеленило.

-Радовиш во иднина ќе биде безбеден град на среќни и безгрижни деца со убави градинки, училишта, спортски терени, Радовиш ќе биде град на пензионери, спортисти, уметници и град во кои живееме сите ние и на секој начин придонесуваме за неговиот успешен развој, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

 

 

 

 

25.09.2017 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега