Груевски: Нашите опоненти се свесни дека ако нешто не излажат ќе загубат на овие избори

Нашите опоненти се свесни дека ако нешто не излажат или не направат некоја далавера, во Охрид, како и во најголем дел од Македонија ќе загубат на овие избори и тие се свесни за тоа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање пред охриѓани.

-Затоа очекувајте сега да ветуваат се и сешто. Познати се по тоа, и фала богу што се познати, ама и по неисполнувањето на ветувањата. Се што сакате да чуете ќе ви ветат само за да го добијат вашиот глас на следните избори, а потоа ќе има живот ама само за нив, како што е еве веќе 4 месеци низ цела Македонија. Си ги вдомија партиските кадри, шарените платеници, се изнаместија по фотељите, станаа функционери, а најголем дел од ветувањата на народот ги заборавија. Го заборавија ни народот, изјави Груевски.

Ветуваа дека секој млад човек штом заврши високо образование најкасно за шест месеци ќе се вработи. Сега наместо тоа, рече Груевски, нешто мумлаат за некаква пракса на волонтерска основа, ама и од тоа нема ништо.

-Ветуваа 500 километри автопатишта во Македонија, а и оние кои се градеа ги запреа под разни изговори кои се невистинити, само за потоа по две години да  ги прикажат како свои дела. Така е и со автопатот Охрид Кичево кој повеќе од пола е завршен, и ќе беше целосно готов до април-мај ако не го запреа. Така е и со измамата дека сите ќе имат 500 евра просечна плата, а еве го два месеци по ред просечната плата според заводот за статистика каде поставија нивни директор, се намалува, рече Груевски.

 

 

 

25.09.2017 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега