Наташа Петровска: Битола ќе добие Градски пазар каков што заслужуваат сите

- Кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска и кандидатите за советници во општинскиот Совет од редовите на СДСМ и Коалицијата, денеска остварија средби со битолските пазарџии, угостители, занаетчии од Старата битолска чаршија и дуќанџии во овој град.

Секогаш со мерак сум влегувала во битолскиот Пазар за да пазарам квалитетни производи бидејќи на битолскиот пазар има квалитетни земјоделски производи, посочи Петровска.

- За жал секогаш од пазарот сум излегувала огорчена гледајќи во каква состојба е битолскиот пазар. Тоа што не ми се допаѓа сега но и во минатото е динамиката со која работела локалната самоуправа за квалитетен пазар. Ветувам дека со многу побрза динамика Битола ќе добие пазар каков што заслужува. Пазар во кој комотно ќе се чувствуваат пазарџиите но и граѓаните што купуваат, оние кои во зима ѕемнат, а во лето ги трпат горештините продавајќи ги своите производи, истакна Петровска.

На прес конференцијата што се одржа во централниот градски пазар кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска и кандидатите за членови на општинскиот Совет од СДСМ и Коалицијата за попладне најавија средби со граѓаните во урбаните и месните заедници. 

 

 

 

26.09.2017 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега