Димов: Велешани знаат дека наместо одговори, од СДСМ можат да добијат само изговори

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Велес, Ангел Димов истакнува дека пред да излегува и обвинува за ЈКП Дервен, Ненад Коциќ треба да даде одговор на неколку прашања.

-Колку лица од листата која тој ја предводи имаат судир на интереси поради вработеност на нивни роднини во ЈКП Дервен? Зошто вечниот кандидат на СДСМ Аце Коцевски за 9 години додека беше градоначалник на Велес не набави ниту едно возило за ЈКП Дервен? Зошто додека Аце Коцевски беше градоначалник во цели два мандати, на домаќинствата во Велес не им се доделуваа бесплатни канти за отпадоци, како што тоа се прави во изминатите 4 години? Исто така, кога зборува за животна средина, нека ги праша неговите од СДСМ зошто беа против кога се градеше новиот парк во ООУ Васил Главинов. Зошто беа против тоа да се уредат нови 5000 метри квадратни зеленило во нашиот град? Граѓаните знаат дека наместо одговори, од СДСМ можат да добијат само изговори, вели тој.

 

Димов истакнува дека изговорите повеќе ништо не вредат, исто како што не вреди ниту лажното претставување на Ненад Коциќ за невладин и независен.

-Тој тоа денес самиот лично го демантираше, застанувајќи како партиски потпарол на СДСМ. Но ние нема да се мешаме во неговите амбиции. Ненад Коциќ нека продолжи да си тера политичка кариера во СДСМ Велес. За разлика од него и од Аце Коцевски, ние и понатаму, остануваме заедно со граѓаните заеднички да реализираме проекти за нови паркови, нови зелени површини и поубав Велес, порача тој.

 

 

 

 

27.09.2017 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега