Во Охрид отворена граѓанска канцеларија на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ д-р Митко Тилевски

Во прекрасна позитивна атмосфера со голем број подржувачи и граѓани, вечерва во Охрид беше отворена граѓанската канцеларија на кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Митко Тилевски. Граѓаните без разлика на политичката, националната и верската припадност му даваат безрезервна подршка на д-р Тилевски и веруваат дека тој е човек од народот и за народот.

 

“Како доктор па и како директор на болницата „Св.Еразмо“ секогаш беше тука за нас, тој никогаш не ги разликуваше луѓето, единствено што гледаше е да помогне на било кој начин и мислам дека и како иден градоначалник на Охрид ќе продлжи да им помага на граѓаните“-изјави граѓанин кој присуствуаше на отварање на канцеларијата.

“Oстануваме отворени со народот и охриѓани, ние ја имаме одговорноста да ги слушнеме и да најдеме одговор и решенија за нив. Како што ќе го посетиме секое мало, секоја улица и куќа, така ние сме секогаш на првата линија во комуникацијата со граѓаните, и кога на еден човек му е потребно нешто прво се обраќа кон одговорните во институциите во локалната самоуправа.  Така ќе биде и со оваа Канцеларија за граѓаните затоа што охриѓани заслужуваат подобро и повеќе. Нашите одлуки се одговор на барањата на граѓаните. Така ќе ги јакнеме и демократските капацитети на Охрид. Нашата сила се луѓето на Македонија. Граѓаните тоа ќе го препознаат, ќе ја видат таа нескршлива волја да се создава и да се помага. Додека нашите противници уверуваат дека зборот бил збор, ние велиме делување а не зборување. Новата ера носи напредок и просперитет за Охрид и охриѓани“ истакна  д-р Тилевски во неговото обраќање пред присутните.

 

 

 

27.09.2017 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега