ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани и Струга - СДСМ во Дебар и Гостивар

Партиите, коалициите и независните кандидатиденеска низ повеќе градови и населени места ја продолжуваат кампањата за претстојните локални избори на 15 октомври.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани и собири во Центар Жупа, Дебар, Маврово Ростуше Врапчиште и Гостивар.

Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Вевчани и Струга.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има предизборни активности во општина Гази Баба.

Вчера СДСМ имаа митинг во Кисела Вода и Аеродром, додека ВМРО-ДПМНЕ во Неготино и Кавадарци.

 

 

 

28.09.2017 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега