Јанша: Честитки за досегашната работа на Груевски

Македонија од 2008 досега под раководство на Груевски ги исполни мнозинството на материјалните услови кои што се потребни, сите критериуми за полноправно членство во Европска Унија. Македонија денеска во многу аспекти е во државите кои својот внатрешен и меѓународен живот ги управува како полноправна членка на ЕУ, изјави денеска поранешниот премиер на Словенија и претседател на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша.

Вели дека кога се работи за поделба на заедничката безбедност, Македонија исто така се однесува како полноправна членка на ЕУ, иако заради блокадата поради спорот со името, формално не е во Унијата.

 

-Ја користам оваа прилика, на другарот Никола Груевски да му честитам за таа работа која историјата ќе ја цени и ќе добие свој печат во блиската иднина, и се надевам дека Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ и на НАТО. Во наредниот мандат, Словенија повторно ќе ја води ЕУ и убеден сум дека тогаш ќе дојдеме до резултат за кој темели беа поставени пред 10-12 години, истакна Јанша.

Посочи дека поминале неколку години од неговата последна посета на Македонија, и оти сега видел голем напредок кој се случувал за тоа време.

-Бев многу пријатно изненаден, честитки за се постигнато и знам дека напредокот не бил постигнат од некои големи средства од надвор и кохезиски средства до кои се уште немате право. Затоа знам дека ова е последица на добро владеење и добри внатрешни резултати. Ви посакувам после сите овие напнатости, измена на владата, посакувам дека овој напредок нема да застане, потенцира Јанша.

Истакна дека Никола Груевски покажа оти успешно ја водел Владата и му честиташе за неговата борба да донесе добро на Република Македонија.

 

 

 

 

28.09.2017 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега