Лешовски: Вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ значи нови инфраструктурни, економски, образовни, спорстски и културни проекти во Вевчани

Вевчани е бастион на ВМРО-ДПМНЕ, голема е честа да бидам носител на кандидатската листа за да можам да ги реализирам сите идеи за доброто на Вевчани, ова на вечерашниот митинг во Вевчани го истакна носителот на советничката листа Јовица Лешовски.

-Изминатиот период во Вевчани беа реализирани многу проекти од 15 октомври советот на општина Вевчани ќе продолжи да работи рамо до рамо со градоначалникот, вашиот глас даден на 15 октомври за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија значи нови инфраструктурни проекти, нови економски проекти, проекти во образованието, спортот и културата како и проекти за подобар живот. Ние сме тие кои што ќе ја градиме иднината на Вевчани и затоа придружете ни се за заедно да дејствуваме во насока за подобрување на животот во Вевчани, вели Лешовски.

 

Тој додаде и дека им се потребни најмалку седум освоени советници,  а народот треба да го заокружи бројот 13.

-Овие избори и се референдум за сите граѓани, на 15 октомври зачекоруваме во нова ера, на 15 октомври да го заокружиме бројот 13, потенцираше Лешовски

 

 

 

 

28.09.2017 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега